Сообраќајна несреќа попладнево во Охрид - автомобил се преврте на кров

Пред населбата Рача попладнево се случила сообраќајна несреќа во која автомобил се превртел на кров. За среќа, лицето кое управувало со возилото не се здобило со телесни повреди.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид, м-р Стефан Димоски, патничко моторно возило марка „Пежо“ со охридски регистарски ознаки кое се движело од СВ.Стефан кон Охрид, во близина на населбата Рача, изгубило контрола и удрило во металните заштитни браници а потоа се превртело на кров.

За среќа, возачот поминал без посериозни повреди.

Димоски додава дека сообраќајната полиција во моментов врши увид по што, превртениот автомобил ќе биде отстранет од коловозната лента.

 

 

 

19.04.2018 - 18:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега