Болницата Санте плус продолжува со работа од понеделник

Болницата Санте плус продолжува да работи од понеделник, објави ТВ24 повикувајќи се на свои извори.

Ваквата одлука е донесена по решението на Вишиот уравен суд кој привремено им ја врати дозволата за работа. Како што информираат од ТВ24, во образложенито за донесување на ваква одлукас пишува дека враќањето на дозволата во овој момент е со цел да се спречат евентуални штетни последици врз пациентите и вработените во болницата.

„Барањето на тужителот за определена времена мерка се уважува, се одлага извршувањето на решението за одземање на дозволата за работа се до правосилно завршување на постапката по поднесената тужба. Неспорно е дека со одземање на дозволата за работа на „Санте Плус“ станува збор за правни односи кои траат, а со цел во иднина да се избегнат неминовните штетни последици кои би настанале за пациентите и вработените во здравствената установа.“ - се вели во решението за времена мерка од Вишиот управен суд .

Оваа одлука Вишиот управен суд ја донел откако претходно управниот го одбил барањето за времена работа на болницата. Во образложението на управниот суд напишано на две страници стои дека болницата не доставила писмени докази за да го оправда барањето за можни штетни последици.

„Во конкретниот случај тужителот не доставил писмени докази за оправданоста на барањето од каде би се утврдило дека би настанале штетните последици.“ -стои во решението за времена мерка од Управен суд.

Оваа болница беше затворена од страна на  Министерството за здравство на 28. февруари, откако за време на породување со царски рез почина 31-годишна родилка од Кичево. По нејзината смрт, Министерството  формираше стручна комисија  која  утврди дека на родилката  погрешно и бил поставен тубусот, а во операционата сала го немале потребниот анестезиолошки апарат со кој би можело навреме да се реагира. Отказ заработи и анестезиолог од КАРИЛ кој нелегално работел во болницата.

Од Санте плус обвинија дека затворањето било тенденциозно, а од раководството тврдеа дека немало никакви пропусти во третманот на родилката.

 

 

 

19.04.2018 - 17:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега