Бугарија со поддршка за Македонија до полноправно членство во ЕУ и НАТО

Македонија и Бугарија ќе продолжат да соработуваат, а ќе продолжи и несебичната поддршка од Бугарија за нашата земја до полноправно членство во ЕУ и НАТО. Ова било заклучено на средбата на претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Артан Груби со заменик претседателот на Владата и министерка за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева во рамки на официјалната посета на Република Бугарија.

Како што соопштија од Комисијата, Захариева констатираше дека чекорите што двете земји ги презедоа со потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка како историски чин, внесуваат нов дух на отворени и пријателски односи, засновани на европските вредности.

Денешната официјална посета на Република Бугарија, таа додала, ја гледа како заедничка определба на двете држави, уште повеќе да ја зајакнат комуникацијата, соработката и пријателството и ќе дадат дополнителни позитивни ефекти во развојот на односите меѓу двете држави. 

Претседателот на Комисијата за европски прашања, кој ја предводи македонската собраниска делгација, Груби, пак, посочил дека во Софија доаѓа со очекувани и заслужени убави вести од Брисел за Македонија, непосредно по добивањето на чиста препорака за отпочнување на преговори со Европската унија.

Во тој контекст, се наведува, Груби додаде дека добивањето чиста препорака, претставува потврда за храбро сработеното, потврда дека реформската влада и новото парламентарно мнозинство ја вратија земјата на евроатлантскиот пат, потврда дека Република Македонија е успешна приказна. 

 

 

 

19.04.2018 - 15:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега