Италијанците згрозени од македонски средношколци: Ученик извршил нужда на под во хотелот

Туристичката агенција „Балкан турист“ сподели со јавноста фотографии од состојбата во која се наоѓале хотелските соби во Италија каде биле сместени средношколци од Неготино, пренесе Фокус.

Поради хаосот  тур оператор за Италија и Европа прекина соработка со „Балкан турист“.

-Здраво Тони Ти праќам фотографија од купатилото на собата 55 каде некој извршил нужда на подот. Од хотелот ме повикаа утринава и имавме еден долг разговор на тема образование односно необразование и невоспитување на личноста која го сторила тоа. Жената која ги чисти собите не сакала тоа да го избрише, бидејќи никој не е должен да избрише такво нешто освен личноста која го направила. Навистина сите се запрепастени од таквото некултурно и срамно однесување под секое ниво на елементарната култура. Не ми е јасно како вашите професори немаат никаков авторитет во однос на воспитувањето и однесувањето на нивните ученици. Сите хотели се жалеа на нивниот однос и однесување, односно дивеење по хотелите до раните утрински часови. Навистина не ми е јасно што правеа професорите? ПС Хотелите не сакаат повеќе да работат со македонски групи затоа што покажаа невоспитување. Мене ми е жал, но во иднина јас твоите групи од Македонија нема да ги примам. Не сакам да ја доведам во прашање мојата долгогодишна соработка со хотелите поради вашите групи кои се однесуваат во хотелите под секоја елементарна основна култура. Тоа што го сториле е навистина срамно – наведено е во писмото потпишано од Стојановиќ, од A&A Group DMC.

 

 

 

19.04.2018 - 15:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега