Уште една страшна сообраќајка во Македонија - прегазен пешак

Во 17 часот, на крстосниците на улиците „Видое Смилевски-Бато“ и „29-ти Ноември“ во Тетово, патничко моторно возило „БМВ“ со гостиварски регистерски таблици, управувано од 33-годишниот А.Б. од Гостивар, удрило во пешак.

Се работи за 60-годишниот Т.Ш. од Ларце. Од ударот пешакот се здобил со тешки телесни повреди и укажана му била лекарска помош во тетовската клиничка болница по што бил пренесен на скопските клиники.

Од страна на увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово бил извршен увид на местото на настанот. Се работи на целосно расчистување на случајот.      

 

 

 

 

19.04.2018 - 14:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега