Докажано: Ваквите задници на мажите им се најпривлечни

Истражувачите откриле дека жените со оптимален агол на заобленоста на задникот од околу 45 степени од грбот, можат најефикасно да се справат со бременоста. Тоа значи дека се се сведува на чиста биологија и нагонот за продолжување на видот.

Мажите не го размислуваат ова свесно додека гледаат привлечна жена, но станува збор за потсвесен механизам и биолошка реакција тесно поврзана со барањето на идеална партнерка за продолжување на видот и размена на генетскиот материјал.

„Таквата структура на рбетот им овозможува на бремените жени полесно да ја балансираат тежината на стомакот. Жените со заоблен задник подобро се справуваат со бременоста и се помалку склони на повреди на рбетот. Затоа мажите преферираат вакви жени и во суштина несвесно бараат партнерка која ќе им обезбеди здраво потомство и ќе може да носи и роди повеќе деца“ - објаснува авторот на студијата Дејвид Бус кој е професор по психологија.

 

 

 

19.04.2018 - 14:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега