Во понеделник ќе се сече лентата: Автопатот Демир Капија - Смоквица ќе биде пуштен во употреба
На отворањето како што е најавено ќе присуствуваат евроамбасадорот во земјава Самуел Жбогар, премиерот Зоран Заев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески кои ќе имаат и свои обраќања на настанот.
За време на настанот ќе биде промовирана и кампањата за ЕУ- инвестициите во инфраструктурата во земјава.
Овој дел од автопатот, според планот, требаше да биде завршен до 1 ноември 2017 година.
Инвестицијата во автопатот изнесува 218 милиони евра. Изградбата почна во септември 2012 година од страна на тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ.
Со оваа делница се заокружува со целосно автопатско решение Коридорот 10 на територијата на Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа