Несреќа во Македонија: Мопед удри во деветгодишно дете

 

Деветгодишник бил повреден од мопед вчера попладне во Кавадарци, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Несреќата се случила на улицата „Вишешница“.

- Мопед марка „јуинг 50“ со кавадаречки регистарски таблици управуван од 55-годишниот С.А. од Кавадарци удрил во пешакот, кој се здобил со телесни повреди и е пренесен во ЈЗУ Општа Болница - Кавадарци, каде му е укажана медицинска помош, појасни Додевски.

Увид на местото на настанот изврши екипа од ПС ОН Кавадарци. 

 

 

 

19.04.2018 - 11:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега