Џолев не можел да одлучи за изземањето - се одложи судењето за „Насилство во Центар"

 Судењето за предметот на СЈО „насилство во Центар“ е прекинато и презакажано за 1 јуни, поради неможноста претседателот на Кривичен суд, Иван Џолев веднаш да одлучи по барањето за изземање на судечкиот судија во предметот, Душан Јосифов.

Барањето на почетокот на рочиштето го поднесе одбраната на обвинетите, поради изјавата на јавната обвинителка Катица Јанева дека одредени судии се опфатени во прислушуваните разговори.

Обвинителката Фатиме Фетаи, побара да биде донесено решение за отфрлање на барањето како неосновано, бидејќи, како што кажа, за претседателот на судот Џолев и неговиот заменик неможе да се бара изземање доколку не се судии во процесот.

Побара отфрлање и набарањето за изземање на в.д. претседателот на Апелација и неговиот заменик бидејќи, рече, предметот не се наоѓа во фаза на одлучување пред Апелацискиот суд.

На рочиштето на кое исказ требаше да дадат двајца сведоци, присуствуваа сите обвинети, нивните бранители со исклучок на Милан Андонов и Митко Печков, кои се адвокати на Никола Груевски и Миле Јанакиески. 

 

 

 

19.04.2018 - 10:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега