Сведоците очи во очи со насилниците: Нови сведоштва за нападот на Села

Случувањата во собранието од 27 април ги следев преку стаклото од кабината за превод во галеријата на прес центарот, вака пратеникот Мухамед Зееќири сведочеше на денешното рочиште од судскиот процес Обид за убиство на Зијадин Села. Во својот исказ, Зеќири посочи еден од обвинетите дека го повлекол Села од толпата пратеници по што уште двајца му помогнале да го извлечат од салата но поради ограничениот поглед од кабината, повеќе не видел што се случува со пратеникот, јави Сител.

На денешното рочиште сведочеше и собранискиот обезбедувач Абдулфета Аљими кој пред судот објаснуваше како се обидувал да го спаси Зијадин Села. Според Аљими, луѓето од толпата која била во собранието најчесто ги извикувале имињата на Села, Заев и Талат Џафери.

Како сведок во случајот денеска свој исказ имаше и Игор Анушев вработен во службата за обезбедување на собранието.

Инаку до крајот на месецов се закажани уште три рочишта за случајот во кој 10-мина се обвинети за обид за убиство на Зијадин Села.

 

 

 

16.04.2018 - 17:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега