Масовна тепачка во затвор: 7 загинати, 17 тешко повредени

Најмалку седум затвореници загинаа, а 17 се тешко повредени во тепачка во затвор со максимални безбедносни мерки во сојузната американска држава Јужна Каролина.

Дури три часа им биле потребни на чуварите во затворот за да ја стават ситуацијата под контрола.

Портпаролот на затворот Џеф Тејлон изјави дека никој од чуварите не е повреден.

Според него, на повредените затвореници, медицинска помош им е укажана надвор од затворот.

Тепачката избила во три затворски крила.

Во тој затвор лежат околу 1.500 затвореници и тука се наоѓаат некои од најнасилните престапници во Јужна Каролина.

Во тепачка во 2015 година до смрт се избодени двајца чувари, а еден затвореник е убиен во февруари во овој затвор.

 

 

 

16.04.2018 - 16:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега