Пробиштип: Им се заканувал на полицајците дека ќе ги убие, па ги нападнал во полициска станица

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против 20-годишниот Р.О. од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „загрозување на сигурноста на службено лице”, „бегство на лице лишено од слобода” и „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста”. На 25.03.2018 година околу 05:50 часот во Пробиштип пријавениот учествувал во сообраќајна незгода и го напуштил местото, но набргу потоа бил фатен и приведен во полициска станица. При проведување, тој упатувал закани по животот на полициските службеници и нивните семејства. Истиот ден околу 16.40 часот во Полициската станица Пробиштип, во просториите за задржување, пријавениот физички нападнал полициски службеник и побегнал. При повторното приведување, тој пружал активен отпор, а се обидувал физички да ги нападне полициските службеници.

 

 

 

 

16.04.2018 - 15:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега