Се влечеле за коса и се буткале - две колешки се степале среде ресторан во Скопје

Синоќа околу 00:10 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во угостителски објект на улица „Христо Татарчев“ бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка помеѓу 46-годишната Б.Ј.Т. и 22-годишната К.Г.

Тие имале несогласување околу секојдневното работење во угостителскиот објект и почнале да се влечат за коса и меѓусебно да се буткаат, при што К.Г. се здобила со видливи повреди.

По целосното документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

 

 

 

16.04.2018 - 14:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега