ФОТО: Гори Министерството за правда во центарот на Скопје - вработените евакуирани

Пожар во зградата на Министерството за правда попладнево во 16:45 минути бил пријавен во скопската противпожарна служба. Според информациите пожарот избил на еден од погорните катови. Вработените веднаш биле евакуирани.
Информацијата за Press24 ја потврдија и од противпожарната служба каде велат дека на терен интервенираат со 6 возила.
„Вработените кои можеше да се сретнат пред зградата велат дека сите кои биле во објектот навремено се евакуирани“ – информира репортерот на Press24.

Оваа информација нема официјална потврда. Не се знае ниту причината за избивањето на пожарот.

 

 

 

10.04.2018 - 17:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега