Груевски: Ме држат секој ден во судот за да не бидам во парламентот

Денеска во Кривичниот суд се одржа рочиште за предметот „Тенк“ на СЈО, во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски, за набавката на луксузниот „мерцедес“ од 600 илјади евра.

Поранешниот премиер Груевски нагласи дека минатата недела, оваа и следната недела секој ден ќе биде повикуван на рочишта, што и според него, е во директна спротивност со начелата на судот во Стразбур за да не се даде можност за подготовка на одбраната. Груевски рече дека со ова се оневозможува и неговата работа во Парламентот за да не може да биде политички активен.

„Нѐ држат по цели денови, не можам да бидам присутен во парламентот“, рече Груевски.

Одговарајќи на новинарски прашања во врска со информациите телефонот што на 27 април го користел НН членот од обезбедувањето на експремиерот Никола Груевски во Службата за општи и заеднички работи на Владата бил вратен со крупни механички оштетувања, Груевски рече дека таков телефон не постоел. Тој истакна дека неговото обезбедување не носело телефонски апарати, туку само картички и апелираше до медиумите да не шират шпекулации, како што тоа се правело во времето на комунизмот.

 

 

 

10.04.2018 - 16:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега