Сака да стане најдебелата жена на светот: Има 330 килограми, а целта е еден тон (видео)

Самохрана мајка од Аризона, 32- годишната Сузан Еман сака да стане најдебела жена на светот, а пред неа се наоѓа тешка задача, а таа за своја цел постави половина тон.

Дневно внесува по 20.000 до 50.000 калории, за да ја постигне саканата цел, а моментално има 330 килограми

-Кога е нормален ден, Сузан внесува по 10 јајца, цело пакување сланина, многи кашкавал, бибер и лук- објаснило нејзиното момче, кое ја подржува во намерата.

- Се труфам да избегнувам здрава храна, и повеќе сакам масна и калорична храна- рекла низ смеа Сузан

Оваа Американка е самохрана мајка на две деца и моментално е невреботена поради нејзината тешина, поради која тешко се движи.

-Би сакала да видам дали човечко суштество може да достигне тежина од еден тон, што повеќе се дебелеам, имам повеќе самодоверба. Зошто да не ги поместам границите и да видам до каде може да стигнам- рекла таа.

Таа очекува дека со ова темпо до 42- годишна возраст може да достигне и до 1000 килограми.

Ни со својата моментална тежина таа не може да оди на големи растојанија, и често е врзана за количка, но сепак не се откажува од свпојата цел да стане најдебелата жена на светот, и вели дека е среќна како таква.

 

 

 

 

 

10.04.2018 - 15:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега