Кирацовски на суд: Само Господ и телохранителите на Заев не спасија во Собрание

Во Суд денеска по собранискиот спикер Талат Џафери и Дамјан Манчевски, за настаните од Собранието сведочеше и пратеникот Александар Кирацовски и кажа што точно тој видел тој ден.

-Во прес салата влегов пред 19 цасот. Кога стигна најавата од новинарите дека дел од толпата упаднала во Собранието, заедно со неколкумина стоевме на вратата во обид да ги запреме. Кога влегоа се упатив во ќошот каде што беа сите пратеници. Веднаш по нивното влегување се случи првичен хаос, односно удари, пцовки, закани кон сите нас. Толпата наликуваше на бесна орда која буквално имаше за цел да убие некој и во тоа немам дилема. Не маваа со копје од знаме, сталаци од компјутери а Горан Мисовски беше ловен со кабли од микрофоните. Села беше удрен со тврд предмет и беше видно повреден. Тој се држеше за главата и во еден момент клечеше позади мене, рече пратеникот.

Вели ги спасила само присебноста, обезбедувањето на Оливер Спасовски и на Зоран Заев и Господ.

 

 

 

10.04.2018 - 15:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега