Кабинетот на Ципрас: Пукањето кон турскиот хеликоптер од страна на грчката армија беше „предупредувачко“

Извори од Кабинетот на грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска соопштија дека турскиот хеликоптер што синоќа прелетал ниско кај островот Ро, не го нарушил воздушниот простор на Грција, а отворањето оган од страна на грчката армија било „предупредувчко“.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, според истите извори, не станува збор за „голем настан“, иако турскиот хеликоптер за време на ноќниот лет во близина на островите имал изгасени светла и претставувал ризик за несреќа.

- Реагиравме предупредувачки и случајот заврши, соопштија изворите од Кабинетот на грчкиот премиер за агенцијата АНА-МПА.

Грчките медиуми претходно јавија дека хеликоптер на турската Крајбрежна служба летал ниско над островот Ро, што се наоѓа во близина на брегот на Турција. Кога грчките граничари слушнале бучава од хеликоптерски мотор во непосредна близина од околу 100 до 200 метри, веднаш реагирале со истрели со цел турскиот хеликоптер  да се оддалечи. 

Извори од грчкото Министерство за одбрана за телевизијаѕа Скај потврдија дека инцидентот се случил синоќа во 22.30 часот. 

 

 

 

10.04.2018 - 14:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега