Србинка преживеала пекол во Македонија: Се понудил да и помогне па ја силувал

 

СВР Тетово го сомничи 38-годишниот Ј.Џ. од тетовското село Горна Лешница дека извршил силување и разбојничка кражба на српска државјанка, која претходно ја пречекал на нелегален граничен премин и ја превезувал до селото Пирок.

Настанот, како што информира МВР, се случил на 27 декември минатата година, а случајот вечерта околу 23:00 часот го пријавила М.Б. (24) од Ниш, Србија.

Таа пријавила дека откако ја преминала државната граница на нелегален премин и била пречекана од Ј.Џ. со чие што возило се упатиле кон село Пирок

Ј.Џ. застанал со возилото, физички ја нападнал, ја силувал, а потоа и ја ограбил одземајќи и го накитот што го носела со себе. 

Одреден му е притвор.

 

 

 

10.04.2018 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега