Експертите предупредуваат - отровни домати од Турција на српските тезги

Отровни домати увезени од Турција се продаваат низ пазарите во Србија. Фирма од Србија увезла еден тон домати од Турција на чија декларација покрај името на увозникот и извозникот, јасно стои стравичното предупредување дека „кората не е за човечка исхрана“.

Експертите велат дека тоа значи дека доматот е пскан со разни отрови, најверојатно пестициди за вештачки да созрее и да ја задржи свежината. Предупредувањето важи само за кората, но експетите сметаат дека отровите кои се во кората со текот на време влегуваат и во самиот плод, па ваквиот домат никако не смее да се конзумира, бидејќи како последица може да се јават здравствени проблеми опасни по живот. Освен тоа, ретко кој конзумира домат без кора.

-Тој домат никако не смее да се продава и јаде. Граѓаните мораат да бидат свесни дека доматот кој го јадат во април не созреал природно туку дека се прска со пестициди како етрела и разни фунгициди. Тие се користат за да се спречи скапување на доматот, бидејќи приодниот домат скапува за два дена. Тој се прска за да го издржи патот од Турција до Србија - смета Горан Паповиќ, претседател на Националната организација на потрошувачи во Србија, кој најави зголемување на контролите.

 

 

 

 

10.04.2018 - 14:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега