Два вооружени грабежи синоќа во Скопје

Во 19 часот и 45 минути во Секторот за внатрешни работи Скопје, било пријавено дека на улицата „Маџари“ во аптека непознато лице со закана со пиштол од вработената одзело околу 18.900 денари по што го напуштило местото на настанот.

Потоа, во 23,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје,  било пријавено дека на булеварот „Крсте Мисирков“ во сендвичара две непознати маскирани лица со закана со нож од вработениот одзеле 8.400 денари по што го напуштиле местото на настанот.

Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

10.04.2018 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега