Засадени 16 јавори пред Македонска пошта, Шилегов најави 10.000 дрвја годинава во Скопје

Во рамки на пролетната акција на Град Скопје за зазеленување на јавните површини, денеска пред објектот на Македонска пошта на булеварот ВМРО, беа засадени шеснаесет јавори.

Со акцијата, како што информираат од Град Скопје, е планирано да се засадат повеќе од 2.000 садници.

Градоначалникот Шилегов, на денешната акција, посочи дека по завршување на пролетната акција, наесен ќе бидат засадени нови 8.000 дрвја, со што Скопје оваа година ќе добие повеќе од 10.000 нови висококвалитетни садници.

- Земавме обврска пред граѓаните да го вратиме загубеното зеленило што претходната власт го уништуваше каде ќе стигне, додека ние се бориме за секој сантиметар слободен простор за ново зеленило. На оваа локација ќе се засадат 16 висококвалитетни јаворови садници, што ќе бидат наводнувани со систем капка по капка. Овој дрворед ќе биде опремен дополнително со 16 подни тротоарски дренажни решетки, изјави Шилегов.

Посочи дека, во 2013 година според истражувањето на состојбата на зеленилото во Мал ринг, зеленилото во овој дел од Скопје било намалено за 50 процени како резултат на градењето врз зелени површини во рамките на проектот „Скопје 2014“.

Шилегов потсети дека дрвјата што ќе ги засадува Град Скопје наскоро ќе ги добијат имињата на новородените деца во градот, како дел од проектот „Дрво за секое дете“ и дека градската администрација ќе продолжи со обновување на загубеното зеленило во сите општини во градот. 

 

 

 

10.04.2018 - 14:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега