Повеќе од 60 Индонезијци починале од пијалак со инсектицид

 Повеќе од 50 лица починаа, а многумина се хоспитализирани во изминатите недели во западниот дел на Индонезија, откако пиеле алкохол од домашно производство со различни состојки, меѓу кои и средство против комарци, соопштија денеска властите.

Полицијата приведе најмалку 12 мажи во Џакарта под сомнеж дека илегално произведувале отровен пијалак.

Нејасно е дали како отров дејствувал метанолот во пијалакот или некоја друга состојка, меѓу кои имало и средство против инсекти, соопшти полицијата.

- Тоа беше мешавина на состојки која не е за конзумирање. И натаму вршиме тестови за да утврдиме што точно содржела течноста, изјави портпаролот на полицијата Трунојудо Висну Андико.

Властите спроведоа рации по куќите на уличните продавачи за да ги запленат и уништат илјадниците шишиња домашно произведен пијалак, додаде портпаролот.

Индонезија, со мнозинско муслиманско население, има голем данок на алкохол, поради што луѓето често пијат евтини пијалаци од домашно производство.

 

 

 

10.04.2018 - 13:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега