Пајакот денеска креваше возила под мостот Гоце Делчев - Град Скопје со апел

Пајак службите на Град Скопје и Општина Центар денеска ги креваа колите паркирани под мостот Гоце Делчев, пренесе Сакамдакажам.

Просторот под мостот со години е претворен во паркинг простор особено по отворањето на зградите на кејот на Македонскиот народен театар, Музејот на ВМРО и на ЈП „Водовод и канализација“, па затоа почнаа да се креваат возилата.

- „Граѓаните реагираа на непрописно паркирани возила под мостот Гоце Делчев. Хаосот денеска се расчистуваше со пајак возила на ЈП’Градски паркинг‘ и ЈП’Паркиралишта на Општина Центар‘. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места“, велат од Општина Центар.

 

 

 

 

10.04.2018 - 13:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега