Македонската Царина вработува: Плата од 45.599 денари

Царинската управа објави оглас за вработување на 1 (еден) извршител на определено работно време, поради привремено зголемен обем на работа, до крајот на тековна фискална година (2018)

Се бара Советник на директорот кој треба да прати пријава и кратка биографија. 

Условите наведени во огласот, кандидатите требада ги исполнуваат во моментот на пријавувањето. Распоред на работно време: работни часови во неделата: 40 часа. Работно време: од понеделник до петок од 08. 30 до 16. 30 часот.

Паричен износ на основна нето плата: 45.599, 00 денари.

Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време до 3 1 .1 2. 2018 година. Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 5 (пет) работни денови сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување), односно најдоцна до 17. 04. 2018 година (вторник). 

 

 

 

 

10.04.2018 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега