Најлуксузниот хотел во вселената: Еден престој ќе чини повеќе од 7 милиони евра

Првиот луксузен хотел во универзумот наречен "Аурора Штајн",според планот, првите гости треба да ги прими до 2022 година.

Оние кои се подготвени за овој вид туризам и да поминат мал одмор во вселената, треба да подготват околу 7.737.000 евра.

"Аурора Штајн" ќе може да прими шест гости, вклучувајќи и двајца членови на екипажот. Се очекува дека патувањето и престојуваат ќе траат 12 дена.

Патниците кои можат да  си дозволат авантура од околу седум милион евра, ќе летаат 320 милји над површината на Земјата, од каде ќе можат да уживаат во неверојатна глетка  на нашата планета.

Гостите ќе можат да видат 16 излези и зајдисонце во текот на 24 часа, бидејќи хотелот ќе орбитира околу Земјата на секои 90 минути.

Патниците ќе имаат одлична услуга во хотелот, а пред да заминат во универзумот ќе мора да поминат и три месечна тренинг програма. Кога ќе се вратат на Земјата, ќе биде организиран и свечен пречек за сите патници.

- Нашата цел е да го направиме универзумот достапен за секого. Патниците ќе патуваат во хотелот Аурора Штајн, брзо и по најниска цена досега - вели основачот и директорот на Orion Span, Френк Бангер.

 

 

 

10.04.2018 - 12:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега