Шилегов одлучи: Мостот нема да се урива, ќе се гради без панорамско тркало

Мостот на Вардар на кој што требаше да стои панорамското тркало ќе се доградува. Скопскиот градоначалник Петре Шилегов за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека одлучиле мостот да не се урива, туку да се догради без панорамското тркало и да биде пешачки премин. 

- „Донесовме одлука да се догради пешачкиот мост. Наместо бараните 7 милиони евра ќе платиме 3,1 милиони евра. Уривањето онака како што е сегашната позиција на мостот заедно со заостанатите плаќања и обврските кон германските партнери кои требало да го градат тркалото би нè чинело 3 милиони евра. Успеавме за истата цена да договориме тој да се догради. Коритото на реката Вардар повторно ќе стане безбеден бидејќи нема да има фундаменти во него. Мислам дека оваа варијанта е добра за граѓаните“, вели градоначалникот Шилегов, пренесува СДК.

Мостот на кој што според проектот требаше да стои панорамско тркало почна да се гради во 2014 година. 

 

 

 

10.04.2018 - 11:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега