Ново поскапување на нафтата - бензинот повторно над 70 денари за литар

Нов нагорен тренд бележат цените на суровата нафта на светските берзи што навестува дека идниот вторник, не чека ново зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во Македонија.
Само во последната недела цените скокнаа за 1,5 долари за барел и се очекува до крајот на неделата да ја надминат границата од 70 долари за барел, прв пат по јануари.
 Доколку тоа се случи, извесно е дека регулаторот ќе направи значителна корекција која би одела и над 2 денари по литар.
И во моментов цените на нафтените деривати се прилично високи. 95 октанскиот супер е 67,5 денари, 98 октанскиот 69 а дизел се точи за 59 денари по литар.
За очекување е бензините да отидат над 70 а дизелот над 60 денари за литар.
Минатиот понеделник Регулаторната комисија за енергетика бензините и дизелот ги поскапи за 2 односно 1,5 денари по литар.

 

 

 

 

10.04.2018 - 11:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега