Османи со видео порака од Бигорски: Македонци и Албанци заедно пркоселе на предизвиците во одбрана на овој манастир

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи со видео порака денеска на православните христијани им го честита празникот Велигден. Видеопораката е снимена пред Бигорскиот манастир за, кој Османи вели дека е еден од најубавите православни манастири во светот, но и манастир кој во својата суштина претставува и точка на обединување на различностите во Република Македонија. 

 А денес е ден Велигден, најголемиот и најважниот празник на нашите православни сограѓани. Празник кој претставува симбол на солидарноста, добрината и пред се надежта. Тоа е причината зошто се наоѓам денес овде, во Бигорскиот манастир, може да се рече - еден од најубавите православни манастири во Светот, но и манастир кој во својата суштина претставува и точка на обединување на различностите во Република Македонија. Сите преданијата и легенди зборуваат дека луѓето од добра волја, од сите етнички заедници, Македонци и Албанци, заедно сплотени им пркоселе на предизвиците кои ги носеле времињата, во одбрана и заштита на овој манастир, вели Османи.

 

 

 

 

 

08.04.2018 - 11:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега