Најчудната кражба во Скопје: Ограбил казино па и ги дал парите на вработената

Во 06 часот и 15 минути во Скопје,  во казино на улица „Ангел Динев“, 33-годишниот Т.Б. од Скопје влегол во просторијата каде што била вработената Д.М. и се заканил  и од касата  одзел околу 50.000 денари, од кои 30.000 фрлил кон неа, а 20.000 денари задржал за себе.

Вработената Д.М. успеала да излезе од просторијата, а лицето останало и вратата сама се заклучила.

Т.Б. е приведен  и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

 

05.04.2018 - 11:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега