„Прв дојден, прв услужен“: Трае огласот за субвенции за печки на пелети

Жителите на Скопје од денеска до 21. следниот месец може да аплицираат за субвенции за набавка на печки на пелети.

Се надоместуваат дел од трошоците за набавка на печка во висина од 70 проценти, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.

Целта на повикот, што го објави денеска Град Скопје, е да ги стимулира граѓаните да користат почисто гориво и поквалитетни печки за затоплување на своите домови - печки со повисока енергетска ефикасност и пониски емисии во воздухот.

Повикот ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Огласот ќе трае заклучно со 21. следниот месец или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена.

 

 

 

05.04.2018 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега