Жена од пластика: Потрошила 50.000 евра за да личи на Барбика (ВИДЕО)

Офелија Ванити (30) од Лос Анџелес потрошила скоро 50.000 евра на пластични операции за да изгледа како омилената кукла од детството, Барбика.

Момчето ја поддржува, но е загрижен за нејзиното здравје.

Вистинската Барбика рекла дека нејзиното момче Џастин Стерлинг смета дека не и биле потребни сите тие зафати, но ја поддржува.

– Тој не мисли дека сум требала да ги направам сите тие операции, но ме поддржува. По секој зафат ми помага да заздравам, раскажува таа.

Офелија ги имала скоро сите можни пластични операции. Направила ботокс, ги зголемила усните, оперирала нос и очи.

Рекла дека целиот живот се борела со самодовербата и дека е опседната со физичкиот изглед, а пластичните операции и помогнале да го преброди тоа.

Иако е задоволна со својот изглед, често трпи навреди од луѓето.

– Најмногу ме напаѓаат на интернет, обично девојките. Велат дека сум претерала, а дури има и сајт чија главна цел е да ме мразат луѓето, раскажала таа.

Таа признала дека куклата Барбика и е идол од детството, па во 2009. година црната облека одлучила да ја занемари со розова и да се трансформира во омилената играчка од детството.

На секои неколку месеци заминува на инекции ботокс, а секојдневно три часа и се потребни за шминкање. Освен со недостатокот на самодоверба, Офелија се бори и со Гравесова болест која предизвикува преактивна штитна жлезда поради што пати и од недостаток на килограми и би сакала малку да се здебели.

 

 

 

05.04.2018 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега