„Оваа венчавка ќе ја убие девојката“- на баба Ванѓа ѝ се слошило од страшната визија за принцезата Дајана

Неверојатни 750 милиони луѓе во 74 земји го следеле телевизискиот пренос на сензационалната церемонија, венчавката на деценијата меѓу Дајана Спенсер и Чарлс, принцот од Велс. Илјадници километри подалеку, бугарската пророчица имала страшна визија.

-Оваа венчавка ќе ја убие девојката – изустила кратко, а поради таквата визија и на неа и се слошило.

-Две недели Дајана и Чарлс се однесувале како маѓепсани. Прв пат откако работам за принцот, не можев наутро да го будам – сведочел собарот на Чарлс.

А потоа, како кула од карти се почнало да се руши.

Дајана секогаш била под присмотра на папараците, а фотографиите на принцезата вределе цело богатство. Посебно по разводот од Чарлс поради измама и неверство, па односот од бајката се претворил во вистински ноќен кошмар.

Принцот Чарлс после венчавката ја продолжил љубовта со поранешната љубов Камила Паркер со која после смртта на Дајана се оженил. Чарлс и Дајана од 1992 живееле одвоено, а се развеле 1996 година. За време на разводот Британците најмногу симпатија имале кон саканата принцеза.

-Ги живеам најтешките моменти. Се може да ми се случи сега. На пример да ми се расипат кочниците, несреќа или смрт – пишувала Дајана.

После нејзината смрт се појавија низа бизарни теории на завера.

Ванѓа, и покрај тоа ште често се губела, а визиите не можела да ги смести во точна временска рамка, почувствувала дека две големи жени ќе го напуштат овој свет готово истовремено, таа и Дајана.

-Таа ќе чуе за мојата смрт, но ќе умреме заедно – заклучила Ванѓа која починала една година пред Дајана.

 

 

 

05.04.2018 - 08:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа