Седници на четири собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за образование, наука и спорт, за одбрана и безбедност, за прашања на изборите и именувањата и Законодавно-правната комисија. 

Комисијата за образование, наука и спорт организира јавна расправа за Предлог законот за високо образование. 

На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата се предлог-одлуките за разрешување и именување на претседател и членови на УО на Агенцијата за цивилно воздухопловство, за изменување на  Одлуката за основање на пратенички групи на Собранието за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи за соработка со парламенти на други држави, како и за изменување на Одлуката за избор на  на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на собраниските комисии.  

Членовите на Комисијата за одбрана и безбедност ќе расправаат за предлог-законите за следење на комуникациите и за Оперативно - техничка агенција, во второ читање, како и за измените и дополнувањата на Законот за оружјето, во прво читање. 

Седница ќе одржи и Законодавно-правната комисија. 

 

 

 

05.04.2018 - 08:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа