По девет години пукна бракот на холивудскиот пар

Очигледно оваа година адвокатите во Холивуд се прилично со полни раце работа. Имено, уште еден холивудски пар објави дека се разведува, односно глумците Џена Деван Тејтум и Ченинг Тејтум.

Парот кој важи за еден од најприкладните парови во шоу бизнисот буквално ги шокираше своите фанови и следбеници на социјалните мрежи со заедничкото соопштение.

“После девет години брак одлучивме да се разделиме. Тоа го правиме со љубов, ништо не се промени и понатаму ќе се сакаме и ќе бидеме најдобри родители на нашата Еверли”, пишува во заедничкото писмо на парот во кое се напоменува дека тие “ќе останат најдобри пријатели засекогаш”.

Исто така напиша дека тие морале на овој начин да ја соопштат нивната одлука со оглед на тоа дека се јавни личности и на нивните фанови им ја должат само вистината.

 

 

 

04.04.2018 - 22:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега