Полицијата во дводневна операција уапси 50 лица: Запленети стотици килограми дрога во Турција

Во дводневната операција на турската полиција приведени се повеќе од 50 луѓе и конфискувани се стотици килограми дрога во операцијата спроведена ширум цела земја, јави Анадолија.

Операцијата беше спроведена вчера и денеска ширум Турција.

Полицијата конфискува 722 килограми хероин во операцијата во југоисточниот округ Мардин. Дрогата била скриена во минибус, а возачот е уапсен.

Во југоисточниот округ Батман запленети се 66 килограми марихуана, при што е приведено едно лице.

Полицијата презела акции против илегалната трговија со наркотици и во окрузите Едрене, Аксарај, Анталија, Истанбул и Кајсери, при што се приведени десетици луѓе

 

 

 

04.04.2018 - 18:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега