Пензионерка од Росоман со години живеела во страв: 14 години помладиот сопруг чувал бомба
Во Полициската станица Кавадарци, вчера се јавила 65-годишната Р.М. од село Росоман ипријавила дека во нејзината куќа во село Росоман нејзиниот сопруг, 51-годишниот З.М. околу пет години чувал бомба.
Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот и во една од собите во куќата била пронајдена експлозивната направа.
Бомбата била одземена и предадена за понатамошна постапка на службите од Дирекцијата за заштита и спасување.
Се работи на расчистување на случајот.
04.04.2018 - 17:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа