Актерката од „Чиста љубов" итно оперирана - минути ја делеле од смртта

Познатата хрватска актерка Сања Вејановиќ која ние ја гледаме како мајката на Соња во Чиста љубов, хит серијата на Сител, пред две недели итно била оперирана поради проблеми со стомакот.

Таа за хрватскиот портал Глорија.хр, раскажува дека имала големи болк и завршила во итна помош каде и направиле повеќе испитувања, но мислеле дека е слепо црево, потоа и направиле гинеколошки прегледи, па заклучиле дека се работи за пукнато и гангренозно слепо црево поради кое од смртта ја делеле буквално минути.

Таа била итно оперирана, а потоа се спасила од уште една операција.

Вели докторите и го спасиле животот и дека ако дошла подоцна немало да биде жива.

 

 

 

04.04.2018 - 17:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега