Рекорден пад на невработеноста во еврозоната

 Стапката на невработеност во земјите членки на еврозоната првпат падна на 8,5 отсто во февруару, што е најниска стапка од декември 2008, кога започна економската криза во Европа, објави Евростат.

На ниво на 28-те земји членки на ЕУ стапката достигнува 7,1 отсто во февруари. Конкретно тоа значи дека околу 17,6 милиони луѓе во ЕУ се без работа.

Најниска стапка на невработеност по земја имаат Чешка (2,5 отсто), Германија и Малта (3,5 проценти), додека Грција има највисока стапка од 20,8 отсто.

 

 

 

04.04.2018 - 16:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега