Големо поскапување на бензинот и дизелот - ова се новите високи цени

Се надеваме дека ги наполнивте резервоарите со бензин, бидејќи по одлуката која вчера ја објави Регулаторната Комисија за енергетика, од полноќ поскапеа горивата.

Рафинериските цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 3,96%. Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 2,57%.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се зголемува за 2,00 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 19.03.2018 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 19.03.2018 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 59,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 47,50 ден/лит. 

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,402 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 19.03.2018 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 28,038 ден/кг. 

 

 

 

03.04.2018 - 08:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега