Цената на становите во Скопје паднала за 14 проценти
Просечната цена на метар квадратен станбена површина во 2017 година изнесувала 41.822 денари, што е за 2,9 проценти помалку во однос на 2016, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во Скопје просечната цена на метар квадратен лани изнесувала 43.710 денари, што е за 14 проценти помалку во споредба со 2016 година, а во останатите населени места во Македонија 32.001 денар, што е за 2,2 проценти помалку во споредба со 2016.
Во втората половина од минатата година просечната цена на метар квадратен стан е намалена за 6,2 проценти во однос на првото полугодие, а во Скопје намалувањето изнесува 4,8 проценти.
Наведените просечни цени се без Данок на додадена вредност.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа