Премиерот Заев лани во просек трошел над 5.700 денари дневно за кафеани и ресторани

Премиерот Заев бил најголем потрошувач во угостителските објекти во земјава и странство, но и во мензите со кои располага државата. Според последната апликација за отчетност објавена од Владата, Премиерот Заев минатата година за угостителски услуги во земјата и странство, односно за кафеани и ресторани  потрошил 2.0092.489 денари. Тоа е за околу 900.000 денари помалку од трошокот што по ист основ го направил Премиерот Груевски во 2014 година.

Трошоци на министрите во 2017 за угостителски услуги

 


Сепак сумите воопшто не се мали. Ако се пресметаат по денови, математиката вели дека Заев, дневно за кафеани, ресторани и кафулиња трошел по 5.732 денари или, за 4 дена една просечна македонска плата. Груевски пак дневно трошел над 8.000 денари.
Компарацијата на „кафеанските трошоци“ меѓу коалиционите партнери покажува дека функционерите на ДУИ се поголеми „боеми“ од оние на СДСМ.

Просечни дневни трошоци за угостителски услуги во 2017

 


По Заев во кафеаните во Македонија и странство најмногу потрошил Министерот за економија Крешник Бектеши. Во 2017 година тој во просек, секој ден по кафеани
трошел 2369 денари или вкупно 864.869 денари за цела година.
Кафеани сакал и Бујар Османи. За вакви услуги тој потрошил 789.127 денари или 2161 денар дневно во просек.
И следното место на листата го држи ДУИ. Министерот Билен Саљији кој вчера поднесе оставка дневно трошел 2076 денари во просек во кафеани со што за една година му се собрало 757.912 денари

Сепак, треба да се има предвид дека во овие трошоци влегуваат и службените ручеци на кои функционерите ги изведуваат своите гости. Се разбира, секогаш се одбираат квалитетни ресторани каде по крајот на вечерта, сметката може да има повеќе нули.

 

 

 

 

21.03.2018 - 13:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега