Го ставила телефонот на полнач додека разговарала - мобилниот и експлодирал во раце, а за неа немало спас

Тинејџерка од Индија починала кога нејзиниот телефон експлодирал додека разговарала.

Осумнаесетогидшната Ума Орам според пишувањата на медиумите, го вклучила телефонот на струја да се полни, додека разговарала со својот роднина.

Ума, како што е наведено, добила повреди на рацете, градите и нозете и во бесознание била пренесена во болница.

„Бидејќи батеријата на телефонот се испразнила, таа гоприклучи телефонот на полнач додека разговараше. Нејзината батерија изненадно експлодираше, пред да сфатиме што всушност се случи, Ума падна во бесознание. Во болница ја прогласија за мртва“, изјавил нејзиниот брат.

 

 

 

21.03.2018 - 10:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега