Од морето исплива необично изненадување - голема заплена на хрватската полиција

Хрватската полиција соопшти дека е откриена голема количина марихуана во морето во близина на островите Вис и Хвар, јави информативниот портaл Индекс.

Јужно од Хвар вчера и денеска претпладне се пронајдени два пакети марихуана со вкупна тежина од 160 килограми.

Јужно од Вис во петокот биле откриени други два пакети со тежина од 25 килограми.

Полицијата ја собрала марихуаната и го известила државното обвинителство. Истрагата продолжува.

Хрватските медиуми во саботата јавија дека големи пакети марихуана се забележани во водата во близина на градските ѕидини на Дубровник, а полицијата претпостави дека тие испаднале од моторен чамец кој ја поревезувал дрогата од Црна Гора за Италија. 

 

 

 

21.03.2018 - 09:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега