Мицкоски: Граѓаните се револтирани од законот за јазици, Владата да го повлече и да се направи во согласност со Уставот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање порачува дека граѓаните се револтирани од законот за јазици. Тој порачува Владата да го повлече законот и да се направи во согласност со Уставот

-Реакциите се навистина негативни, чувствата кај луѓето се големи, на едно високо ниво. Било дали е тоа Босилово, било дали е тоа Ново Село, денеска Радовиш, Струмица, Струмичко. Од оние посети кои што и состаноци кои што имавме можност деновиве да ги реализираме на терен овде, сите се навистина негативни. Навистина луѓето не можат да ја најдат вистинската логика зошто мораше сега и зошто мораше ваков закон да се донесе. И чуму беше потребен овој закон, но очигледно дека погрешните политики на Зоран Заев и неговата самобендисаност ги предизвикува овие чувства кај граѓаните, истакна Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека не беше потребно да се случи на ваков начин со прекршување на сите закони на процедурите на Деловникот во Собранието, да се донесе еден ваков антиуставен закон, а потоа во втора фаза и неприменлив.

-Апелирам да го повлечат овој закон бидејќи се уште нема потпис од страна на Претседателот на државата. Што според нас значи дека се уште не е применлив, односно не може да се смета дека е усвоен, да го повлечат, да го вратат на доработка, да формираме работни групи, тие работни групи да можат да се посветат целосно на овој закон, на неговиот квалитет да го направат уставен, а понатаму во една нормална редовна парламентарна процедура да донесеме законско решение кое што навистина ќе биде од корист на сите граѓани во Република Македонија, порача тој.

 

 

 

20.03.2018 - 16:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега