Паника во Лондон - евакуирана метро станицата Викторија

 Поради активирање на алармот за пожар денеска се евакуирани патниците и вработените на лондонската метро и железничка станица „Викторија“.

Претставник на лондонската полиција соопшти дека алармот се активирал „нешто по 12 часот“ по локално време (13 часот по средноевропско време). 

- Полицајци се излезени на местото на настанот заедно со припадници на лондонската противпожарна бригада, изјави полицискиот портпарол.

Засега нема повеќе детали за целиот настан.

Станицата „Викторија“ е еден од најголемите железнички терминали во Лондон. 

 

 

 

20.03.2018 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега