Алијанса за Албанците на протест заради одземените надлежности на Таравари

Огранокот на Алијанса за Албанците во Гостивар денес организираше мирен протест на кој го искажаа својот револт поради одземените надлежности во образованието на градоначалникот Арбен Таравари и враќањето на старите директори во неколку гостиварски училишта, пренесе Гостиварпресс.

- „Зошто не се одземени ингеренциите на градоначалници во други општини, во Струга на пример, туку само овде во Гостивар? Тоа го прават за да ме деградираат и за да ја блокираат општината која ја водам“, рече Таравари

Од Алијанса за Албанците најавија дека ќе продолжат со протести и во наредниот период.

 

 

 

20.03.2018 - 13:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега