Европскиот суд за човекови права ја осуди Турција за притворањето на новинари

 

Европскиот суд за човекови права во Стрзабур денска ја осуди Турција поради притворањето на новинарите Мехмет Алтан и Шахин Алпајм, со оценка дека тие се притворени без да се почитува законот. 

Новинарите беа притворени по обидот за државен удар во јули 2016 година. Европскиот суд смета дека во нивниот случај, се крши правото на слобода и безбедност и слободата на изразувањето, кои се заштитени со Европската конвенција за човекови права.

Мехмет Алтан, осуден на доживотен затвор и Шахин Алпај, кој беше држен во притвор до крајот на минатата седмица, се надеваат дека Европскиот суд осудувајќи ја Турција, ќе го отвори патот за нивното конечно ослободување.

Одлуката на Европскиот суд за човекови права е прво решениу на трибуналот во Стразбур за случаи на затворени турски новинари.  Одлуката на Судот „ќе испратат политичка порака“ до претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, изјави извор од Советот на Европа. 

Во Турција во момнетов во затвор се наоѓаат 153 новинари. Турција е на 155-то место од 180 држави за 2017 година според листата за слобода на медиумите на „Репортери без граници“. 

 

 

 

20.03.2018 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега