Суспендиран советникот на Спасовски осомничен за оддавање на службена тајна

Советникот на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој беше приведен поради оддавање на службена тајна, е суспендиран од работното место до завршување на дисциплинската постапка, потврдија од МВР за „Нетпрес“.

-Ве известуваме дека Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди утврди оти постои основано сомнение дека од страна на вработениот Д.С. е сторена повреда на член 155 и член 187 ст.1 точка 8,11 и 19 од Законот за внатрешни работи, како и член 208 ст.1 точка 8,11 и 20 од Колективниот договор на МВР.  Затоа против истиот се преземени мерки, или поточно, во претходно утврдена постапка согласно Законот за внатрешни работи и Колективниот договор донесено е решение за отстранување од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка- велат од МВР за Нетпрес.

Како што пишуваат од порталот тој како државен советник за полициски и криминалистички работи во Кабинетот на Министерот за внатрешни работи спречил обезбедување докази за водење на кривична постапка, откако со пречекорување на службените овластувања прибавил службена тајна, класифицирана како „Строго доверливо“, наведена во две судски наредби за примена на посебна истражна мерка, а кои биле во тек на спроведување над за него познато лице.

 

 

 

 

19.03.2018 - 20:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега