Вооружен со електрошокови и бомба ја нападнал полицијата - полицајците пукале во него

Полицијата во Пожаревац за време на интервенција по пријава дека Ј.З. физички ја злоставува својата мајка, пукала во осомничениот, кој во истиот момент се обидел да активира експлозивна направа, заканувајќи им се на полицајците дека ќе ги убие.

Полициската управа во Пожаревац соопшти дека осомничениот бил згрижен во тамошната Општа болница и навела дека по отпуштањето, врз основа на кривична пријава ќе биде приведен.

Осомничениот најпрво нападнал еден од полицајците со електрошок, а откако бил ранет се заканувал дека ќе активира експлозивна направа.

Во претрес на домот биле пронајдени експлозивни направи, електрошокови, една импровизирана направа налик пиштол, боксер и четири ножа.

 

 

 

 

19.03.2018 - 20:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега